Конечно по една година пауза поради пандемијата со Ковид-19 овој викенд започна младинската кошаркарска лига за играчи со 16.години. Во првото коло од оваа сезона во дербито црвено-црниот тим М16 гостуваше во Јане Сандански кај екипата на МЗТ Скопје.
Гостинскиот терен не беше проблем за избраниците на Александар Асаданов и Влатко Неделковски да покажат брза и модерна кошарка. Ние доминиравме во сите аспекти на кошаркарската игра, КК Вардар на ова дерби со момците од генерација 2005/2006 победи со 26.поена повеќе. Победата беше остварена со резултат 51:77.