Викендов се дефинираа четирите женски ракометни тима кои ќе играат на завршниот Ф-4 турнир во ракомет. Покрај нашиот црвено-црн тим, Вардар тука се и екипите на: ЖРК Куманово, ЖРК Чаир и ЖРК Металург. Ови четирите екипи кои ќе се борат за титулата.
ЖРК Вардар славеше над ЖРК Стружанка 27-19, дуелот имаше две лица. Во 42.минута беше 17:17, потоа нашата одбрана и Грујовска не дозволија погодок 17.минути па серија 10-0 поведовме со 27-17 на 2.минути до крајот решавајќи ги сите прашања околу патникот на Ф4.
ЖРК Куманово беше убедлив против ЖРК Пелистер со 49-24,Чаир дојде до тесна победа над ЖРК Ѓорче Петров од 29-27, а ЖРК Металург беше подобар од Спартак на дуелот одигран во салата „Круме Кепески“ во Кисела Вода со резултат 32-22.