Генерацијата “2003“ на ФК Вардар го финишираа есенскиот дел од сезоната на второто место, со само еден бод помалку од екипата на Шкендија, која е лидер но со натпревар повеќе од екипата на Вардар. Тимот од Тетово има одиграно 13 кола во првиот круг на натпреварување, додека Вардар има 12 одиграни натпревари, на кои забележавме десет победи, еден нерешен резултат и еден пораз. Нерешениот резултат беше против екипата на Работнички уште во првото коло, кога на домашен терен одигравме само 1:1, додека поразот е во дуел со директниот конкурент за титулата, екипата на Шкендија која излезе подобра во дуелот со нас и тоа на теренот на Академијата. На сите останати натпревари, избраниците на Горан Петрески успеваа да ги совладаат своите противници. Сепак факт е дека како одминуваа натпреварите оваа генерација со новиот тренер играа се подобро, поквалитетно и подоминантно. Тоа највеќе го осети Работнички, кога на нивниот терен на Алумина речиси беа надиграни и катастрофално поразени со резултат 0:5. Убедливи победи забележуваше оваа генерација во овој дел од сезоната, која е актуелен освојувач на лигата и купот. Имавме одлична одбрана, предводена од голманот Лука Стојковски, која дозволи да примиме само пет голови, додека во нападот бевме расположени за погодоци, вкупно 50 постигнати голови.
Ова се сите постигнати резултати на Вардар, после одигрување на првиот круг во регионалната – скопска лига:
1 коло: Вардар – Работнички 1:1
2 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар 1:6
3 коло: Вардар – Шкупи 4:0
4 коло: Њу Старс – Вардар 0:4
5 коло: Вардар – Форца 3:0 ( службено)
6 коло: Вардар – Милано 4:0
7 коло: Скопје – Вардар 1:6
8 коло: Вардар – Шкендија 1:2
9 коло: Работнички – Вардар 0:5
10 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П 9:0
11 коло: Шкупи - Вардар 0:3
12 коло: Вардар – Њу Старс 4:0
Оваа генерација на Вардар ќе игра и во полуфиналето на купот, откако во четвфиналето го елиминираше можеби најголемиот противник во борбата за освојување на купот. Тоа е екипата на Шкендија, која на домашен терен ја совладавме со резултат од 3:1, додека на гостувањето во Тетово одигравме без голови.
Што се однесува до листата на најдобри стрелци неа ја предводи Лео Андрески, кој одигра одлична полусезона и беша најголема опасност по противничките голови. Вака изгледа листата на играчи, кои успеале да се запишат во листата на стрелци кај оваа вардарова генерација во двете натпреварувања.
1. Лео Андрески 11
2. Александро Прелоговски 7
3. Влатко Стојановски и Антонио Мирков по 5 постигнати голови
4. Дарио Јовановски и Марио Петрушевски по 4 голови
5. Петар Давидовски и Филип Ѓорѓоски по 3
6. Алек Сељанац и Димче Мешковски по 2
7. Дарко Младеновиќ и Благоја Јаневски по 1 гол.
Што се однесува напоменавме дека Вардар е на второто место со 31 освоен бод, додека Шкендија е на првото место со 32 бодови и натпревар повеќе од нас. Милано е на третата позиција со 27 бодови и натпревар повеќе од Вардар, додека на четвртото место е екипата на Работнички со 24 бодови.
ФК Вардар генер. “2003“: Лука Стојковски, Гоце Јовчев, Дарко Трпезановски, Филип Ѓорѓоски, Алек Сељанац, Петар Давидовски (c), Влатко Стојановски, Димче Мешковски, Дамјан Марковски, Абдула Хасани, Дарио Јовановски, Марио Петрушевски, Антонио Мирков, Лео Андрески, Александар Прелоговски, Дарко Младеновиќ, Благоја Јаневски, Бојан Петковски, Петре Тасески.