Последни за преглед во есенскиот дел од сезоната ни останаа младинците на Вардар. Можеме да кажеме дека нашите млади надежи имаа одлична полусезона, која ја завршија без пораз. Со пет победи и два нерешени резултати, момците на Филип Ивановски се пласирани на второто место во младинската супер-лига, единствените со екипата на Шкендија кои незнаат за пораз во овој дел од натпреварувачката сезона.
Вардарци можат да се пофалат дека го имаат најдобриот напад со 24 постигнати голови, како и најдобрата одбрана со само 3 примени погодоци.
Сите остварени резултати во првиот дел од сезоната:
1 коло: Вардар – Куманово Еуроспорт 3:0
2 коло: Ренова – Вардар 0:4
3 коло: Вардар – Шкендија 1:1
4 коло: Работнички – Вардар 1:1
5 коло: Вардар – Брегалница 4:0
6 коло: Вардар – Њу Старс 9:0
7 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар 1:2
На пролет ќе се насочиме на настапите во супер лигата и освојување на шампионската титула, со оглед дека бевме елининирани во националниот Куп од екипата на Њу Старс. На старот од пролетниот дел за противник го имаме тимот на Шкупи, дуел на кој Вардар ќе биде домаќин.