Гостивар дојде до третата победа оваа сезона, на домашен терен убедливо славеше против нашиот Вардар. На вчерашниот дуел не совладаа со 91-53.
Момците на Александар Јованев беа рамноправен противник само во првата четвртина, истата заврши реми, 13-13. Веќе во следниот период домашниот состав одигра силно, беше подобар со 30-9, тука и заврши целата приказна на овој меч. Во домашниот тим Армстед имаше 17 поени, по 14 коша запишаа Тодоровиќ и Димитриевски, кај нас Ташковски имаше 12 поени.