Ракометарите на Вардар 1961 навистина немаaт среќа оваа сезона. Кога се чинеше дека конечно ќе влезат во натпреварувачки ритам, сепак корона вирусот си го направи своето, па така вардарци не беа во можност буквално да одиграат два натпревари во континуитет.
По последниот официјално одложен дуел во Лигата на шампионите, кога стана јасно дека нема да има натпревари до крајот на годината за ,,црвено – црните”, ракометарите на Вардар 1961 секако оние интернационалците, започнаа да се одјавуваат од Македонија и да се враќаат во својте родни земји.
Па така голманот Робин Кантагрел се врати во Франција каде ќе ги мине празниците. Се очекува на средина на следниот месец и негово враќање во Скопје и во редовите на Вардар 1961.