Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Успешен старт на сезоната за младинските екипи на ФК Вардар, 4/4 во дуелите со Еуроспорт
Успешен старт на сезоната за младинските екипи на ФК Вардар, 4/4 во дуелите со Еуроспорт

Успешен старт на сезоната за младинските екипи на ФК Вардар, 4/4 во дуелите со Еуроспорт

Изминатиов викенд стартуваше натпреварувачката сезона 2020/21 во младинските фудбалски лиги. Успешен старт имаше Вардар кој успеа да победи на сите четири натпревари со младите екипи.

Пионерските екипи победија на гостувањето кај Еуроспорт Куманово, додека кадетите и младинците на домашен терен беа убедливи во дуелите со истиот противник.

Помладите пионери немаа поголеми проблеми да стигнат до трите бода на стартот од сезоната. Момците на Стефановски-Гаге високо победија со резултат 0:5. Два гола постигна Филип Јовановски, додека по еден беа дело на Никола Величковски, Арбин Курти и Марко Стојилевски. Пионерите на Рап-Тап со службен резултат 0:3 го добија натпреварот против врсниците од Еуроспорт, со оглед дека домашниот тим немаше заверки од нотар. Во продолжение можете да ги погледнете остварените резултати во 1.коло во овие две категории.

1 коло: Помлада пионерска супер лига:

Брегалница – Шкендија  2:2

Ренова – Работнички  4:4

Еуроспорт Куманово – Вардар  0:5

Победа – Њу Старс  4:2

Пелистер – Македонија Ѓ.П  4:2

Академија Пандев – Шкупи  7:0

1 коло: Пионерска супер лига:

Брегалница – Шкендија  0:3

Ренова – Работнички  0:7

Еуроспорт Куманово – Вардар  0:3 ( службено)

Победа – Њу Старс  1:1

Пелистер – Македонија Ѓ.П  4:1

Академија Пандев – Шкупи  1:1

Кадетите и младинците на ФК Вардар предводени од Филип Ивановски ги освоија првите три бода на стартот од сезоната. Полесно од очекувањата, кадетите го растурија тимот на Еуроспорт со резултат 9:0. Антонио Мирков имаше гол шоу, успевајќи да постигне дури пет голови, додека два постигна капитенот Петар Давидовски. По еднаш во листата на стрелци се запишаа Филип Ѓоргиевски и Сулејман Исмаиљи. Младинците на Вардар во вториот дел го скршија отпорот на противникот и со головите на Дамјан Марковски, Енес Шабани и Дарко Младеновиќ победија со резултат 3:0. Во продолжение можете да ги погледнете остварените резултати во 1.коло во овие две категории.

1.коло: Кадетска супер лига:

Шкендија – Брегалница  0:0

Работнички – Ренова  2:3

Вардар – Еуроспорт  9:0

Њу Старс – Победа  3:1

Македонија Ѓ.П – Пелистер  4:0

Шкупи – Академија Пандев  1:2

1 коло: Младинска супер лига:

Шкендија – Брегалница  5:0

Работнички – Ренова  4:1

Вардар – Еуроспорт  3:0

Њу Старс – Победа  4:0

Македонија Ѓ.П – Пелистер  3:0

Шкупи – Академија Пандев  3:1

 Во следното 2. коло, екипите на Вардар за противник ја имаат Ренова.