Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Реми големо како победа! По голема драма Вардар одигра реми со фаворитот ЖРК Куманово
Реми  големо како победа! По голема драма Вардар одигра реми со фаворитот ЖРК Куманово

Реми големо како победа! По голема драма Вардар одигра реми со фаворитот ЖРК Куманово

Куманово и Вардар во С.Ц.Јане Сандански одиграа дуел вреден да се нарече дерби, многу тежок меч одиграа девојките на Ристова и Царчев против фаворитот. Мечот заврши реми 28-28, но оваа игра која денес ја прикажавме е за секоја пофалба, оваа реми е големо како победа.

z
Гостинот поведе, ние преку Трпевска од пенал изедначивме за почетни 1-1. Потоа Куманово поведе со 1-3 па 2-4. Дамјановска одлично погоди за 4-4, а Грујовска имаше одбрана и фрли контра до Трпевска за прво водство со 5-4. Следеа минути на гостинот кој се одлепи на 7-9. Вардарки денес играа одлично, Ристова маестрално ротираше. Грујовска одлична на гол, Костовиќ крадеше топки, Миновска, Галевска, Ѓорѓиевска, Џатевска и Дамјановска играа на високо ниво. Најпрвин изедначивме на 9-9 со голот на Миновска од 30-сетина метри, потоа бевме во налет. Серијата 6-0 ни донесе пресврт, па од негатива 7-9 поведовме со 13-9, по што следуваше тајм-аут на гостинот. Најголемото водство од пет гола го имавме при 17-12 кога Костовиќ стрелаше умешно. На одмор заминавме со 19-15 со одличниот гол на Михаела Лазаровска. Во првиот дел сите девојки дадоа повеќе од максимум кој можат да го прикажат.

z2
По пет минути игра силниот тим на Кумaнаво, кој е далеку поискусен и повозрасен ја врати неизвесноста намалувајќи на 20-19. Бојана Коцева асистираше до Бојана Диневска за 21-19, Грујовска повторно скроти незгоден удар и имавме напад да се вратиме. При резултат 22-21, Ристова побара минута одмор во 41.минута со цел да собереме сили за одлучувачкиот период. Следеа 5.минути без гол, истиот го прекина Диневска која доби одлична топка од Стојановска која маестрално асистираше, за наша предност со 23-21. Илиќ одбрани удар фрли контра до Фани Ѓорѓиевска и поведовме со 25-22 во 48.минута, гостинот веднаш побара тајм-аут. Ристова постојано ротираше, покажувајќи тактичка супериорност во однос на колегата кој на располагање имаше поквалитетен ростер.

Кога се закануваше изедначување, денес неуморната Галевска презема одговорност и погоди за 26-24 на 8.минути до крајот, потоа и Диневска зголеми на 27-24. Многу набој и имаше овој меч, секоја секунда, секоја топка беше борба. Беше 27-26, одбранивме напад, добивме пенал со пожртвувана акција на Диневска, Галевска промаши, но топката дојде до неа и стрелаше за 28-26 на 3.минути до крајот. Драматично беше денес во Јане Сандански, при 28-27 они имаа напад, Илиќ проработе и одбрани на 65 секунди до крај. Ристова побара тајм-аут на 40 секуди до крај, не ја изгубивме топката Куманово изедначи на 20.секунди до крај. Мечот заврши со реми.

z44

Кај нас Грујовска сопра 7 удари, Галевска постигна 6.гола, Диневска стрелаше 4.пати, по три гола имаа Ѓорѓиевска, Дамјановска, Лазаровска и Костовиќ. Илиќ сопре 4.удари.