Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Променливи резултати во есенскиот дел за вардаровите кадети
Променливи резултати во есенскиот дел за вардаровите кадети

Променливи резултати во есенскиот дел за вардаровите кадети

Кадетите на ФК Вардар се наоѓаат на шестото место по крајот на есенскиот дел од сезоната. Оваа генерација на Вардар која е предводена од Петар Ѓоргиевски во овој дел од сезоната одигра десет натпревари, на кои оствари четири победи и шест порази. Лошо ја започнавме сезоната кога на првите четири натпревари имавме исто толку порази, за како одминува времето да стануваме подобри. Успеавме понатаму да забележиме четири победи и да стануваме поконкурентни за повисок пласман на табелата на крајот од сезоната. Постигнавме 20, додека примивме 21 гол.

Остварените резултати за вардаровите кадети:

1 коло: Вардар – Брегалница  0:1

2 коло: Кул - Вардар  2:0

3 коло: Вардар – Шкендија  0:1

4 коло: Работнички – Вардар  1:0

5 коло: Вардар – Скопје  5:2

6 коло: Вардар – Њу Старс  2:3

7 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар  2:4

8 коло: Вардар – Шкупи  4:3

9 коло: Академија Пандев – Вардар  4:1

10 коло: Вардар – Пелистер  4:2

Следниот текст за оваа генерација ќе биде за играчите кои се запишуваа во листата на стрелци.