ЖРК Вардар како апсолутен лидер ќе ја заврши сезоната во групата-Б и ќе пренесе максимален број бодови (4.бода) во плеј-офот на пролет. Ние имаме 11 победи од 11 одиграни дуели, девојките на Ристова Драгана им останува само уште дуелот со Стружанка кој нема резултатско значење.
Натпреварот од ова последно, 14.коло во женската лига за оваа есен ќе се игра во сабота, 25.декември. Ние гостуваме во Струга, дуелот е закажан со почеток во 12-30 часот.