Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Преглед на шампионската сезона 2014/15 за ФК Вардар, Филип Ивановски беше најдобар стрелец
Преглед на шампионската сезона 2014/15 за ФК Вардар, Филип Ивановски беше најдобар стрелец

Преглед на шампионската сезона 2014/15 за ФК Вардар, Филип Ивановски беше најдобар стрелец

Фудбалскиот клуб Вардар во сезоната 2014/15 стана Шампион на Македонија, откако успеа да го освои првото место во ПМФЛ. Црвено-црните кои беа предводени од Сергеј Андреев успеаа да ја вратат титулата во своите витрини и да се промовираат во нови Шампиони. Сезоната ја завршивме со освоени 61 бод, пред екипата на Работнички која имаше 55 бодови, додека трета беше Шкендија со 47 бодови.

Најдобар стрелец таа сезона беше Филип Ивановски кој постигна вкупно 10 голови. Имавме и најдобар напад во лигата со постигнати 46 голови, а ова се играчите кои се запишуваа во листата на стрелци:

1. Филип Ивановски  10

2. Дејан Блажевски и Филип Петковски  по 6

3. Артак Дашјан  4

4. Јасир Асани, Сенијад Ибричиќ, Филип Петров и Хамбарџумјан Ховханес по 3

5. Влатко Грозданоски и Бобан Грнчаров по 2

6. Никола Глигоров, Димитар Иванов, Благоја Љамчевски и Златко Таневски по 1 гол

Вкупно остваривме 18 победи, 7 нерешени резултати и само два порази. Ова се сите остварени резултати во сезоната 2014/15: 

1 коло: Пелистер – Вардар  0:1

2 коло: Вардар – Шкендија  3:0

3 коло: Брегалница – Вардар  1:2

4 коло: Тетекс – Вардар  2:2

5 коло: Вардар – Хоризонт Турново  0:0

6 коло: Металург – Вардар  1:4

7 коло: Вардар – Ренова  1:1

8 коло: Работнички – Вардар  0:2

9 коло: Вардар – Силекс  2:0

10 коло: Вардар – Пелистер  1:0

11 коло: Шкендија – Вардар  1:2

12 коло: Вардар – Брегалница  1:0

13 коло: Вардар – Тетекс  5:0

14 коло: Хоризонт Турново – Вардар  0:0

15 коло: Вардар – Металург  3:1

16 коло: Ренова – Вардар  3:0

17 коло: Вардар – Работнички  0:0

18 коло: Силекс – Вардар  0:3

19 коло: Вардар – Металург  2:1

20 коло: Х.Турново - Вардар  0:2

21 коло: Вардар -Пелистер  1:1

22 коло: Брегалница – Вардар  0:0

23 коло: Вардар – Тетекс  2:0

24 коло: Силекс – Вардар  0:2

25 коло: Вардар – Ренова  1:0

26 коло: Шкендија – Вардар  3:2

27 коло: Вардар – Работнички  2:0

Играчи кои настапуваа за Вардар во оваа сезона: Јасир Асани, Андреј Ацевски, Дејан Блажевски, Раденко Бојовиќ, Никола Глигоров, Дарко Глишиќ, Бобан Грнчаров, Влатко Грозданоски, Артак Дашјан, Филип Деспотовски, Сенијад Ибричиќ, Димитар Иванов, Филип Ивановски, Матија Кобетиќ, Благоја Љамчевски, Артур Миранјан, Дино Најдоски, Игор Павловиќ, Томе Пачовски, Петар Петковски, Филип Петковски, Филип Петров, Горан Попов, Васко Распашковски, Борјан Ристовски, Виктор Серафимовски, Стефан Спировски, Филип Стојановски, Златко Таневски, Александар Темелков, Хамбарџумјан Ховханес.