Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Преглед на шесттото пролетно коло во детската фудбалска лига
Преглед на шесттото пролетно коло во детската фудбалска лига

Преглед на шесттото пролетно коло во детската фудбалска лига

Изминатиов викенд шесттото пролетно коло во детската лига го одиграа генерациите на фудбалскиот клуб Вардар, со исклучок на момчињата родени “2006“ година чии натпревари беа одложени поради лошите временски услови.

Генерацијата “2005“ имаше половичен успех ова коло, од една победа и пораз. Вардар (1) го продолжи стопроцентниот ефект и убедливо ја порази екипата на Грозданоски (20:0), додека Вардар (2) го претрпе својот втор пораз оваа сезона, откако подобри од нив беше екипата на Кул (0:2). Победи за генерацијата родени “2007“ година кои одиграа два натпревари. Вардар (2) го победи тимот на Чаир (9:4), додека Вардар (1) беше поубедлив, совладувајќи ја екипата на Фортуна со резултат 12:2. Сигурно коло имаше и генерацијата родени “2008“ година, кои триумфираа во дуелите со екипата на Њу Јорк и Спорт Ефе. Вардар (1) беше подобар од Њу Јорк (6:1), додека Вардар (2) го совлада тимот на Спорт Ефе, со резултат од 6:2.

Победничко коло и за генерацијата “2009“. Двете екипи силите ги одмерија со екипите на Кул и на двата меча славевме со идентичен резултат од 3:2. Кај најмладата генерација “2010“, меѓусебен дуел одиграа двете екипи на Вардар. Вардар (1) го победи Вардар (2) со резултат 5:3.

Извештаите од сите натпревари на вардаровите екипи, можевте да ги прочитате на нашиот веб сајт.