Во среда во Тетово, заостанатото 19 коло од првенството ќе го одиграат пионерските екипи на ФК Вардар, кои ќе гостуваат на екипата на Ренова. Мечевите ќе започнат во термините од 10 и 12 часот.
Помладите пионери во претходното коло со триумфот над екипата на Шкупи стигнаа до 20 првенствена победа. Тие се уште без пораз оваа сезона и ќе се обидат да ги освојат бодовите и на гостувањето против Ренова. На претходните два дуели против овој противник, славеа црвено-црните и тоа убедливо. Токму сезоната ја отворивме на истиов терен, кога славевме со резултат 1:4, додека на теренот на Академијата победија избраниците на Тодоровски со резултат 5:0.Без разлика на исходите од последните неколку кола, оваа генерација на Вардар веќе успеа да ја осигура шампионската титула, сепак цел и желба е сезоната да се ззаврши без ниту еден пораз.
Пионерите на Вардар и Ренова оваа сезона одиграа исто така два натпревари. Првиот меч одигран во Тетово во есенскиот дел заврши со нерешен резултат од 1:1., додека на домашен терен, славеше екипата на Вардар, високо со 3:0. Пионерите на Вардар ги загубија шансите за трофејот во лигата, но затоа се единствената генерација од повозрасните која успеа да обезбеди пласман во финалето на националниот куп.