Шампионската генерација 2008 на ФК Вардар и оваа сезона продолжува со добрите игри во детската лига. Петар Георгиевски е новиот предводник на оваа генерација, која повторно се наметнува како најголем претедент за освојување на трофејот. И оваа сезона се натпреваруваме со две екипи кои есенскиот дел од сезоната го завршија со максимален број на освоени бодови.
Вардар (1) одигра девет натпревари и сите ги доби во своја корист. Успеавме да постигнеме вкупно 52 голови, додека примивме 12.
Ова се сите постигнати резултати на Вардар (1) во есенскиот дел:
1 коло: Вардар – Форца 4:1
2 коло: Вардар – Сарај 6:0
3 коло: Вардар – Рабитнички 8:1
4 коло: Вардар – Скупи 4:2
5 коло: Вардар – Албарса 6:2
6 коло-слободни
7 коло: Вардар – Еуроспорт 4:2
8 коло: Вардар – Кул 9:0
9 коло: Вардар – Албион 4:3
10 коло: Вардар – Милано 7:1
Екипата на Вардар (2) исто така имаше одиграно девет натпревари и на сите забележа победи. Интересно и овој тим успеа да постигне 52 голови, додека прими само 9 погодоци.
Сите постигнати резултати на Вардар (2) во првиот дел од сезоната:
1 коло: Вардар – Куманово 4:1
2 коло: Вардар – Н.Колонија 6:1
3 коло: Вардар – Шкупи 4:1
4 коло: Вардар – Њу Старс (1) 5:2
5 коло: Вардар – Фортуна 3:2
6 коло: Вардар – Милано 7:0
7 коло: Вардар – Спорт Ефе 5:2
8 коло: Вардар – Сарај ( одложено)
9 коло: Вардар – Драчево 7:0
10 коло: Вардар – Маџари 11:0
Се надеваме дека и во пролетниот дел ќе продолжиме со добрите игри и дека повторно ќе се најдеме на завршниот турнир во детската лига.