Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерацијата “2003“ е единствената од Вардаровите екипи, која успеа да освои двојна титула
Генерацијата “2003“ е единствената од Вардаровите екипи, која успеа да освои двојна титула

Генерацијата “2003“ е единствената од Вардаровите екипи, која успеа да освои двојна титула

Единствената Вардарова генерација, која оваа сезона освои двојна круна се момчињата родени “2003“ година, кои се предводени од тренерот Томче Трајановски. На 19 одиграни натпревари во рамките на регионалната-скопска лига, нашите надежи имаа 18 победи, само еден нерешен резултат и без ниту еден пораз. На табелата завршивме на врвот далеку од конкурентите за титулата, ако и воопшто ги имавме оваа сезона. Имавме девет бода повеќе од второпласираниот тим на Милано и дванаесет од екипата на Шкупи. Постигнавме дури 133 голови , а примивме 18. Демонстриравме одличен фудбал, со надмоќна игра во дуелите со противниците и на крајот заслужено се радувавме на трофејот од лигата.

9411-660x330

Сите постигнати резултати на Вардаровата генерација “2003“ во рамките на регионалната-скопска лига:

1 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П 8:0

2 коло: Вардар – Башкими 17:0

3 коло: Работнички – Вардар 1:6

4 коло: Вардар – Форца 6:1

5 коло: Вардар – Шкупи 3:0

6 коло: Милано – Вардар 1:3

7 коло: Вардар – Њу Старс 2:1

8 коло: Ново Лисиче – Вардар 0:7

9 коло: Вардар – Скопје 8:0

10 коло: Куманово – Вардар 3:11

11 коло: Вардар – Македонија 9:2

12 коло: Вардар – Башкими  17:0

13 коло: Вардар – Работнички  5:1

14 коло: Форца – Вардар  3:11

15 коло: Шкупи – Вардар  0:6

16 коло: Вардар – Милано  5:1

17 коло: Њу Старс – Вардар  1:3

18 коло: Вардар – Ново Лисиче  4:1

19 коло: Скопје – Вардар  1:3

20 коло: Вардар – Куманово  4:1

 Вардар го освои и купот во оваа генерација, откако во финалето ја победи екипата на Акад. Пандев. Освен првиот противник, кој го елиминиравме на пенали, немавме поголеми проблеми во останатите дуели.

Куп 1/8: Вардар – Шкендија 1:1 ( пенали 5:4)

Куп 1/4: Работнички – Вардар 1:2

Куп 1/4: Вардар – Работнички 2:0

Куп 1/2: Вардар – Милано  3:0

1/2: Милано – Вардар  0:3

ФИНАЛЕ: Вардар – Акад. Пандев 3:1

191-660x330

 Што се однесува до листата на стрелци неа ја предводи Александро Прелоговски, кој е најдобриот голгетер на генерација “2003“ за оваа натпреварувачка сезона. Интересно е што сите играчи оваа сезона се запишаа во листата на стрелци, со исклучок на голманите Сејди и Јовчев, додека Стојковски покрај голманските имаше можност да ги покаже и голгетерските способности.

vardarfans-prelogovski-660x330

Ова се сите играчи на ФК Вардар генер. “2003“ кои постигнаа голови во двете натпреварувања.

1. Александро Прелоговски 27 (26- лига, 1-куп)

2. Антонио Мирков 22 ( 20-лига, 2-куп)

3. Петар Давидовски 16 ( 14-лига, 2-куп)

4. Лео Андрески 11 ( 9-лига, 2-куп)

5. Лука Стојковски 9 гола ( сите во лига)

6 . Дамјан Андреев  8  ( сите во лига)

6. Дарио Јовановски 6 ( 5-лига, 1-куп), Марио Петрушевски  6 гола ( сите во лига)

Абдула Хасани 5   ( 4-лига, 1-куп), Петре Тасески 5 гола ( сите во лига)

Иван Пашариковски  4 голови ( 3-лига, 1 куп), Дарко Младеновиќ 4  ( 3-лига 1-куп). Благоја Јаневски 4  ( сите во лига)

7. Никола Петковски 3 ( сите во лига), Влатко Стојановски 3  ( сите во лига), Алек Сељанац 3 ( 2-лига, 1-куп)

Филип Ѓорѓоски  2 ( 1-лига, 1-куп), Димче Мешковски 2  ( 1-лига, 1-куп),  Дамјан Марковски и Дарко Трпезановски по 2 гола ( во лига)

14. Давид Бошевски и Горазд Јордановски по 1 во лига.

Состав на ФК Вардар генер. “2003“: Лука Стојковски, Гоце Јовчев, Сејди Бајрами, Филип Ѓорѓоски, Дамјан Марковски, Никола Петковски, Димче Мешковски, Алек Сељанац, Петар Давидовски, Дарко Трпезановски, Влатко Стојановски, Петре Тасески, Дамјан Андреев, Лео Андрески, Иван Пашариковски, Александро Прелоговски, Антонио Мирков, Горазд Јордановски, Марио Петрушевски, Дарио Јовановски, Абдула Хасани, Дарко Младеновиќ и Давид Бошевски.

vardarfans-tomce

Честитки за цела екипа и за тренерот Томче Трајановски, кој после освојување на прво место со генерација “2007“ во детската лига, успеа на врвот да ја донесе и повозрасната “2003“ генерација на ФК Вардар.