Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите го освоија Купот на Р.Македонија, како помина сезоната за оваа генерација која даде и играчи за сениорската екипа
Кадетите го освоија Купот на Р.Македонија, како помина сезоната за оваа генерација која даде и играчи за сениорската екипа

Кадетите го освоија Купот на Р.Македонија, како помина сезоната за оваа генерација која даде и играчи за сениорската екипа

Кадетите го освоија 6.место во лигата и успеаа да го освојат Купот на Република Македонија.

Во кадетската Супер Лига, оваа вардарова генерација финишираше на 6.место на табелата со вкупно 35.освоени бодови. Одигравме 22 натпревари на кои забележавме 11 победи, 2 нерешени резултати и 9 порази. Гол разликата беше 40 постигнати и 36 примени голови.

Како најдобар стрелец на екипата се покажа Агрон Туша со 8 постигнати голови, додека интересно вториот најдобар стрелец за кадетите е играч кој на полусезона се пресели во друг клуб, се работи за Дарко Сековски кој сезоната ја заврши со 7 постигнати голови во дресот на Вардар. Во листата на стрелци сезонава за кадетите се запишуваа уште и Давор Лефковски и Марко Николовски (4), Кристијан Галевски, Алтин Нурединовски, Филип Радевски, Димитар Стојановски, Христијан Стојановски, Емир Шаботиќ и Влатко Кулуковски (2), Нуман Ајетовиќ, Максим Бундалески, Матеј Гаштаров и Милош Спасовски (1).

Вардар го освои Купот на Македонија во кадетска конкуренција, откако во големото финале кое се одигра на градскиот стадион во Кичево со убедливи 4:1 ја победивме екипата на Шкендија. Првата пречка во 1/8 финалето беше гостувањето во Прилеп, кај екипата на Победа, која ја поминавме лесно, со висок триумф од 0:3. Во 1/4 финалето со идентични 3:0 го победивме и тимот на Кул, за во 1/2 финалето да славиме на гостувањето кај Брегалница, после подобро изведување на удари од белата точка (1:4), откако во регуларните 90.минути натпреварот заврши со резултат 0:0. Наш „јунак“ во ова пенал серија беше голманот, Никола Филевски, кој успеа да одбрани три удари на противникот.

Најдобар стрелец во Куп натпреварувањето беше Тино Спасиќ со 3 постигнати голови, додека по 1 имаа Нуман Ајетовиќ, Ѓорѓи Дошев, Филип Јовановски, Матеј Митревски, Агрон Туша, Зоран Фидановски и Горјан Цветков.

Неколку играчи од оваа генерација дебитираа и во сениорската екипа на натпреварите во ВМФЛ. Како најстарден беше Давор Серафимов, додека официјално деби имаа уште и Горјан Цветков, Ѓорѓи Дошев, Марко Стојилевски, Максим Бундалески, Тино Спасиќ и Матеј Митревски.