Кадетите на ФК Вардар се вицешампиони на Македонија, за нтпреварувачката сезона 2017/18. Избраниците на Влатко Колев со само пет бодови помалку од екипата на Шкендија, завршија на второто место на табелата. Имавме 17 победи, 6 нерешени резултати и 4 порази. Двата последователни порази во рамките на 20 и 21 коло во дуелите со конкурентите, екипите на Шкендија и Работнички, не чинеа на крајот губење на шансите за титулата. Нема големо значење и тоа што имавме најдобра гол разлика, односно најдобар напад и одбрана, сепак на крајот тоа не ни донесе трофеј.
Ова се сите постигнати резултати на кадетите во текот на целаа сезона.
1 коло: Вардар – Ренова 2:1
2 коло: Вардар – Работнички 1:2
3 коло: Шкендија – Вардар 1:1
4 коло: Вардар – А. Пандев 1:0
5 коло: Шкупи – Вардар 1:0
6 коло: Вардар – Пелистер 9:1
7 коло: Победа – Вардар 1:1
8 коло: Вардар – Милано 9:0
9 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар 1:2
10 коло: Ренова – Вардар 0:3
11 коло: Работнички – Вардар 0:0
12 коло: Вардар – Шкендија 1:0
13 коло: А.Пандев – Вардар 0:3
14 коло: Вардар – Шкупи 3:1
15 коло: Пелистер - Вардар 2:2
16 коло: Вардар – Победа 5:0
17 коло: Милано - Вардар 0:3
18 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П 2:1
19 коло: Вардар – Ренова 4:0
20 коло: Вардар – Работнички 1:2
21 коло: Шкендија – Вардар 1:0
22 коло: Вардар – А.Пандев 1:0
23 коло: Шкупи – Вардар 0:0
24 коло: Вардар – Пелистер 3:0
25 коло: Победа – Вардар 3:3
26 коло: Вардар – Милано 4:0
27 коло: Македонија Ѓ.П- Вардар 0:3
Рано бевме елиминирани во купот и тоа од екипата на Шкендија, која ги обедини трофеите во оваа категорија.
1/8 куп: Вардар – Милано 6:0
1/4 куп: Шкендија - Вардар 2:1
1/4 реванш: Вардар – Шкендија 2:2
Што се однесува до листата на најдобри стрелци, првото место му припадна на Џемал Ибиши, кој постигна вкупно 15 голови. Се земаат во предвид постигнатите голови и во куп натпреварувањето.
1. Џемал Ибиши 15
2. Милан Благојевиќ 13
3. Давид Ристовски 5
4. Бојан Димоски 4
5. Марио Илиевски и Леонид Игнатов по 3
6. Виктор Пешевски, Христијан Димов, Анатолиј Петејчук, Александар Ѓорѓиески, Малик Хасановиќ, Фитор Реџепи, Марио Младеновски, Филип Андоновски и Али Адем по 2
7. Христијан Петковски, Мартин Филипоски, Стефан Наумчески, Анел Калчиноски, Мустафа Јусуф, Марко Тасев, Александар Младеновски и Туша Ветон по 1 гол
Оваа генерација на играчи, родени “2000“ година беа дел и од силен меѓународен турнир во Златибор, “Куп на Пријателство“. Одигравме три натпревари, на кои забележавме еден нерешн резултат и два порази.
Вардар- Удинезе 1:1
Вардар – Еспаљол 1:3
Вардар – Олимпија 0:1