Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром и Вардар 2 денеска (среда, 13. јуни) со почеток во 13:00 часот ќе разигруваат за титулата во возрасната категорија за кошаркари до 12 години.
Двете екипи се изборија за пласман во финалниот натпревар на овој турнир откако во рамки на полуфиналните натпревари ги совладаа Водњански Лисици (52-33) односно Вардар 1 (54-45) кои со почеток во 11:00 часот ќе разигруваат за третото место.
Им посакуваме среќа на Вардарци во финалето и за третото место. Натпреварите ќе се одиграат во малата сала на „Кале“.