Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците со трофеј во Купот, како и вицешампиони во младинската Супер лига
Младинците со трофеј во Купот, како и вицешампиони во младинската Супер лига

Младинците со трофеј во Купот, како и вицешампиони во младинската Супер лига

Младинската екипа на Вардар стана вицешампион на Македонија во натпреварувачката сезона 2021/22. Оваа генерација која во пролетниот дел играше претежно со играчи родени 2005 и 2004 година, направи максимум и речиси до последните три кола беше во борба за освојување на Шампионската титула, сепак на крајот врвот им припадна на прилепска Победа. Во есенскиот дел од сезоната, младинците на Вардар беа на првото место на табелата, но после заминување на голем број играчи, оваа генерација во вториот дел од сезоната беше многу подмладена, сепак се носеше рамо до рамо со противниците и ниту на еден натпревар не беше надиграна. На 24 одиграни натпревари остваривме 16 победи, 5 нерешени резултат и 3 порази. Имавме најдобар напад со 66 постигнати голови и втора најдобра одбрана со 19 примени голови.

Сите постигнати резултати за младинците на ФК Вардар во првенството:

1. коло: Вардар – Брегалница  5:0

2 коло: Кул – Вардар  1:2

3 коло: Вардар – Шкендија  0:1

4 коло: Работнички – Вардар  0:2

5 коло: Вардар – Скопје  5:0

6 коло: Вардар – Њу Старс  5:2

7 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар  1:8

8 коло: Вардар – Шкупи  3:0

9 коло: Академија Пандев – Вардар  2:4

10 коло: Вардар – Пелистер  1:0

11 коло: Победа – Вардар  0:0

12 коло: слободни

13 коло: Ренова – Вардар  0:1

14 коло: Брегалница – Вардар  0:0

15 коло: Вардар – Кул  2:1

16 коло: Шкендија – Вардар  1:1

17 коло: Вардар – Работнички  3:1

18 коло: Скопје – Вардар  0:7

19 коло: Њу Старс – Вардар  0:5

20 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П   1:1

21 коло: Шкупи – Вардар  1:2

22 коло: Вардар – Академија Пандев  6:2

23 коло: Пелистер – Вардар  2:1

24 коло: Вардар – Победа  1:2

25 коло: слободни

26. коло: Вардар – Ренова  1:1

285337294_1460051407763835_7633762896197154531_n-660x330

Младинците успеаа да го освојат трофејот во Купот, откако во големото финале беа подобри од екипата на Шкендија.

1/4 финале: Македонија Ѓ.П – Вардар  0:2

1/2 финале: Вардар – Шкупи  1:1  ( пенали  4:3)

ФИНАЛЕ: Вардар – Шкендија  1:0