Помладите пионери на ФК Вардар се „прошетаа“ во дебитантската сезона на првата помлада пионерската лига и на супериорен начин станаа Шампиони на Македонија. Посебно добри оваа генерација родени 2003 година беа во пролетниот дел од сезоната кога ја направија потребната голема разлика, која во последните кола им гарантираше мирна завршница. Прикажаа допадлив фудбал, со пресинг на противничката половина и голема желба за надигрување.
Единствената генерација на Вардар која оваа сезона успеа да ја освои двојната круна. Голем успех и за младиот стратег, Филип Деспотовски, кој имаше успешна сезона како дебитант тренер во Академијата на Вардар, успевајќи со помладите пионери да ја освои двојната круна. Одигравме вкупно 27 натпревари, на кои имавме дури 20 победи, 4 нерешени резултати и 3 порази. Одигравме феноменално во пролетниот дел, кога на 13 одиграни мечеви имавме 11 победи и само 2 нерешени резултати. Гол разликата беше импресивна, со плус 54 голови, односно дадовме 69 голови, додека примивме 15 погодоци. Сезоната ја завршивме со 64 освоени бодови, 10 повеќе од екипата на Победа и дури 19 повеќе од тимот на Работнички, кој заврши како трет.
Ова се сите постигнати резултати на помладите пионери во шампионската 2018/19 сезона.
1 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар 0:3
2 коло: Вардар – Шкендија 2:1
3 коло: Ренова – Вардар 0:3
4 коло: Работнички – Вардар 1:0
5 коло: Вардар – Акад.Пандев 0:0
6 коло: Шкупи – Вардар 0:1
7 коло: Вардар – Брегалница 4:1
8 коло: Победа – Вардар 1:0
9 коло: Вардар – Њу Старс 0:0
10 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П 5:0
11 коло: Шкендија – Вардар 3:2
12 коло: Вардар – Ренова 7:0
13 коло: Вардар – Работнички 2:1
14 коло: Акад.Пандев – Вардар 0:3
15 коло: Вардар – Шкупи 2:0
16 коло: Брегалница – Вардар 1:2
17 коло: Вардар – Победа 5:0
18 коло: Њу Старс – Вардар 0:2
19 коло: Њу Старс – Вардар 0:1
20 коло: Вардар – Брегалница 9:0
21 коло: Победа - Вардар 1:2
22 коло: Вардар – Ренова 3:1
23 коло: Работнички – Вардар 1:1
24 коло: Вардар – Шкупи 3:1
25 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар 0:2
26 коло: Акад. Пандев – Вардар 1:1
27 коло: Вардар – Шкендија 3:0
Црвено-црните ги обединија двата трофеи, успевајќи да го освојат и националниот куп, откако во големото финале кое се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ по изведување на удари од белата точка ја совладавме екипата на Академија Пандев. Блескаше голманот Лука Стојковски, кој одбрани два пенали на струмичани, додека одлучувачкиот гол го постигна Георг Стојановски. Каков беше патот на пом.пионери кон освојување на купот на Македонија:
1/8: Вардар – Работнички 2:1
1/4 1 меч: Вардар – Шкендија 2:1
1/4 2 меч: Шкендија – Вардар 1:3
1/2 1 меч: Вардар – Њу Старс 7:0
1/2 2 меч: Њу Старс – Вардар 0:3
ФИНАЛЕ: Вардар – Акад. Пандев 0:0 ( пенали: 4:3)
Најмладиот играч во оваа генерација е всушност и најдобриот стрелец на помладите пионери во сезоната која е пред нас. Се работи за Георг Стојановски, пред кој претстои блескава иднина, момче родено 2004 година. Тој беше убедливо најдобриот голгетер на оваа екипа. Ова се сите играчи кои успеаа да се запишат во листата на стрелци ( во предвид ги земаме головите од двете натпреварувања).
1. Георг Стојановски 29
2. Славче Живков 10
3. Антонио Мирков 9
4. Лео Андрески, Харим Алими по 6
5. Грегори Давков 4
6. Дарио Јовановски 3
7. Андреј Стојчевски, Абдулах Хасани, Александро Прелоговски, Филип Ѓорѓиевски, Никола Петковски по 2
8. Алек Саит, Бојан Лозановски, Петар Давидовски, Сулејман Исмаиљи, Петре Тасевски, Филип Ѓоргоски, Алек Сељанац, по 1