Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Успешната година за непобедливата генер.2005 на крајот крунисана со прво место и пехар
Успешната година за непобедливата генер.2005 на крајот крунисана со прво место и пехар

Успешната година за непобедливата генер.2005 на крајот крунисана со прво место и пехар

Генерацијата на ФК Вардар родени “2005“ година станаа шампиони на Македонија, откако го освоија првото место во детската лига за оваа натпреварувачка сезона. Генерацијата предводена од Игор Кралевски со двете свои екипи сигна на завршниот турнир на најдобрите од цела Македонија. Вардар (1) стана шампион, додека Вардар (2) го освои бронзениот медал. Малку недостасуваше двете екипи на Вардар да играат меѓусебно во големото финале, како најдобри од цела Македонија, но среќата при изведување на пеналите во полуфиналето против Фер Плеј, не беше на наша страна. Сепак Вардар (1) во финалето го победи противникот од Охрид и се радуваше на трофејот од детската лига. Оваа екипа ја заврши сезонаа без ниту еден пораз и заслужено се најде на врвот. Одиграа 26 натпревари, на кои забележаа исто толку победи. 20 од нив беа во регуларниот дел на сезоната, додека по 3 имавме во елиминацискиот дел на скопско-кумановскиот регион и на завршниот турнир од цела земја. Вардар (1) постигна вкупно 161 гол, а прими само 9 погодоци.

Ова се сите постигнати резултати на Вардар (1) во сезоната 2016/17. 

1 коло: Вардар – Форца 8:0

2 коло: Вардар – Нова Колонија 6:0

3 коло: Вардар – Њу Старс 14:1

4 коло: Вардар – Шкупи 3:0 ( службено)

5 коло: Вардар – Чаир 10:0

6 коло: Вардар – Металург 3:1

7 коло: Вардар – Њу Старс (3) 6:0

8 коло: Вардар – Бешикташ 3:0

9 коло: Вардар – Албион 5:0

10 коло: Вардар – Ринија 15:2

11 коло: Вардар – Форца 4:1

12 коло: Вардар – Нова Колонија 5:0

13 коло: Вардар – Њу Старс 7:1

14 коло: Вардар – Шкупи 3:о

15 коло: Вардар – Чаир 3:0 ( службено)

16 коло: Вардар – Металург 6:0

17 коло: Вардар – Њу Старс (3) 14:0

18 коло: Вардар – Бешикташ 3:0 ( службено)

19 коло: Вардар – Албион 5:0

20 коло: Вардар – Ринија 3:0 ( службено).

Форца  беше првата препрека која поравме да ја поминеме во осминафиналето на скопско-кумановскиот регион. Во овој дел од елиминациите беа остварени следниве резултати:

1/8: Вардар – Форца  2:1

1/4: Вардар – Нова Колонија  8:0

1/2: Вардар – Кул Здравје  6:0

1929

Со победата против Шкендија го најавивме атакот на врвот, кој на крај изгледаше реален и лесно остварлив за оваа екипа на Вардар.

1/4: Вардар – Шкендија  5:2

1/2: Вардар – Талент  10:0

ФИНАЛЕ: Вардар - Фер Плеј  4:0

ФК Вардар (1)Василиј Мариновски, Давор Серафимов, Тино Спасиќ, Симеон Здравковски, Матеј Николовски, Матеј Гаштаров, Петар Пројковски, Ѓорѓи Дошев, Филип Јовановски, Никола Величковски, Зоран Фидановски.

n-660x330

Успешна сезона имаше и екипата на Вардар (2), која на 28 одиграни мечеви, имаше 27 победи. Единствениот пораз беше во полуфиналето, кога после изведување на пенали, екипата на Фер Плеј беше подобра. Тие постигнаа дури 174 голови, а примија 12 голови.

Сите остварени резултати за екипата на Вардар (2) во регуларниот дел од сезоната:

1 коло: Вардар – Кул Здравје 4:1

2 коло: Вардар – Драчево Јуниор 7:0

3 коло: Вардар – Хет Трик 3:0 ( службено)

4 коло: Вардар – Работнички 5:0

5 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П 14:0

6 коло: Вардар – Сарај 3:2

7 коло: Вардар – Њу Јорк 13:0

8 коло: Вардар – Тефејуз 6:0

9 коло: Вардар – Скупи 4:2

10 коло: Вардар – Њу Старс 3:1

11 коло: Вардар – Албарса 4:0

12 коло: Вардар – Кул Здравје 6:1

13 коло: Вардар – Драчево Јуниор 11:0

14 коло: Вардар – Хет Трик 9:0

15 коло: Вардар – Работнички 10:0

16 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П. 14:0

17 коло: Вардар – Сарај 9:1

18 коло: Вардар – Њу Јорк 3:0 ( службено)

19 коло: Вардар – Тефејуз 6:2

20 коло: Вардар – Скупи 3:0 ( службено)

21 коло: Вардар – Њу Старс 6:0

22 коло: Вардар – Албарса 4:1.

Убедливо го започнавме елиминацискиот дел, против екипата на Хет-Трик, за доминацијата во скопско-кумановскиот регион да ја потврдиме со триумф против Албион.

1/8: Вардар – Хет-Трик  9:0

1/4: Вардар -Работнички  4:0

1/2: Вардар – Албион  3:0.

1338

На завршниот турнир на ФФМ, во четврфиналето ја совладавме Акад. Пандев, додека пенал рулетот беше нсреќен за Вардарци во полуфиналето.

1/4: Вардар – Акад. Пандев  2:1

1/2: Вардар – Фер Плеј  0:0  ( пенали 5:6)

3 место: Вардар – Талент  7:0.

Вардар (2): Леонид Илиевски, Кристијан Таневски, Влатко Кулуковски, Дамјан Коневски, Стефан Наумовски, Филип Радевски, Лука Јакимовски, Горјан Цветков, Бојан Јаневски, Филип Крстиќ, Стефан Ристовски и Давор Лефковски.

a52-660x330

Во следниот текст за оваа генерација, ќе ве запознаеме со најдобриот стрелец и со сите играчи, кои успеале оваа сезона да се запишат во листата на стрелци.