На сила е летната пауза во ракометна Европа, новата сезона 2017/2018 за европските вицешампион во женска конкуренција ракометарките на Вардар почнува на 1 август. Според планот за подготовки за тогаш е закажан почетокот на подготовките во Скопје.
Во главниот град ќе останат кратко, по неколку денови минати со тренирање и медицински прегледи, ракометарките заминуваат на висински подготовки. Потоа екипата се враќа во Скопје. Следна етапа во летните подготовки е настап на турнирот чии домаќини сме ние во периодот од 23 до 26 август во Скопје. Во меѓувреме можно е да се одиграат и некои контролни средби.