Friday ,10 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Европскиот ракометен шампион на 27-ми јули ќе означи старт на подготовките за новата сезона
Европскиот ракометен шампион на 27-ми јули ќе означи старт на подготовките за новата сезона

Европскиот ракометен шампион на 27-ми јули ќе означи старт на подготовките за новата сезона

Европскиот ракометен шампион, екипата на Вардар своите подготовки за новата сезона ќе ги стартува на 27-ми јули. После освојување на четирите трофеи и најуспешната сезона во историјата на клубот, дел од играчите моментално се со своите репрезентации, каде ги играат квалификационите натпревари за пласман на ЕП во Хрватска, додека дел од ракометарите веќе се на заслужен одмор.

Првиот собир за новата сезона ќе се одржи на 27-ми јули, во спортскиот центар Јане Сандански, каде ќе остане да се тренира неколку дена. Потоа во периодот од 3-10-ти август следуваат подготовки, кои петта година по ред ќе се одвиваат во Крањска Гора (Словенија). Предвидено е после овој период да се замине на турнир во Германија, каде екипата ќе одигра неколку контролни натпревари во периодот од 11-14 август.

Од 22 до 28 август Вардар ќе игра на неофицијалното клупско СП во Катар, каде ќе се обиде да ја освои светската титула, која недостасува во витрините на клубот. Во меѓувреме се очекува распоред за почетокот на новата сезона во СЕХА и лигата на шампионите, каде црвено-црните ги бранат трофеите.