Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Преглед на шампионската сезона 2012/13, Јован Костовски ги полнеше противничките мрежи и беше најдобар стрелец во ПМФЛ
Преглед на шампионската сезона 2012/13, Јован Костовски ги полнеше противничките мрежи и беше најдобар стрелец во ПМФЛ

Преглед на шампионската сезона 2012/13, Јован Костовски ги полнеше противничките мрежи и беше најдобар стрелец во ПМФЛ

Во сезоната 2012/13 , фудбалскиот клуб Вардар стигна до својата осма шампионска титула во клупската историја, односно седма во Првата македонска лига.Составот кој беше предводен од Илчо Ѓорѓиоски и Благоја Милевски заврши на првото место со 68 освоени бодови, или пет повеќе од екипата на Металург која финишираше на втората позиција. Имавме извонреден напад со 71 постигнат гол и само 21 примен гол, односно тоа беа најдобриот напад и одбрана во лигата, што се однесува до таа натпреварувачка сезона. Во оваа година, Вардар стигна и до првиот свој Суперкуп на Македонија.

Јован Костовски беше убедливо најдобар голгетер со 22 постигнати голови, а беше и најдобар стрелец во лигата. Ова се играчите кои се запишуваа во листата на стрелци таа сезона: 

1. Јован Костовски 22

2. Филип Петров, Борче Маневски и Ацо Стојков  по 7

3. Остоја Стјепановиќ  5

4. Хименез Артунедо Хорхе и Драган Ѓорѓиев по 4

5. Златко Таневски  3

6. Предраг Ранѓеловиќ и Игор Стојаковиќ по 2

7. Гуобадиа Оса, Александар Темелков, Мите Цикарски, Димитрија Лазаревски и Мирослав Вајс по 1

Остваривме вкупно 20 победи, 8 нерешени резултати и 5 порази. Ова се одиграните натпревари и постигнатите резултати: 

1 коло: Вардар – Работнички  3:2

2 коло: Напредок – Вардар  1:0

3 коло: Вардар – Тетекс  4:0

4 коло: Ренова – Вардар  0:2

5 коло: Вардар – Х.Турново  5:1

6 коло: Вардар – Дрита  4:0

7 коло: Силекс – Вардар  0:0

8 коло: Вардар – Пелистер  3:1

9 коло: Шкендија - Вардар 2:1

10 коло: Вардар – Металург  1:1

11 коло: Брегалница – Вардар 1:1

12 коло: Работнички – Вардар  0:2

13 коло: Вардар – Напредок  1:0

14 коло: Тетекс – Вардар  0:0

15 коло: Вардар – Х.Турново  3:0

16 коло: Ренова – Вардар  0:0

17 коло: Дрита – Вардар  0:1

18 коло: Вардар – Силекс  5:0

19 коло: Пелистер – Вардар  0:0

20 коло: Вардар – Шкендија  6:1

21 коло: Металург – Вардар  3:2

22 коло: Вардар – Брегалница  3:0

23 коло: Вардар – Работнички  1:2

24 коло: Брегалница – Вардар  1:1

25 коло: Вардар – Пелистер  0:1

26 коло: Дрита- Вардар 1:3

27 коло: Вардар – Силекс  2:1

28 коло: Тетекс – Вардар  0:3

29 коло: Вардар – Ренова  3:1

30 коло: Шкендија – Вардар  0:1

31 коло: Вардар – Напредок  4:0

32 коло: Металург - Вардар  1:1

33 коло: Вардар – Х.Турново  5:0

Играчи кои настапуваа за Вардар: Бојовиќ Раденко, Бонифацио Луис Педро Жоао, Бошковски Златко, Вајс Мирослав, Гешоски Благоја, Гуобадиа Оса, Димитровски Владимир, Ѓоргиев Драган, Захов Костадин, Илиевски Милан, Костовски Јован, Лазаревски Димитрија, Маневски Борче, Мерсовски Един, Милиќ Дејан, Муртиќ Ален, Петров Филип, Петровиќ Александар, Ранѓеловиќ Предраг,  Ристовски Борјан, Симов Горан, Стјепановиќ Остоја, Стојаковиќ Игор, Стојков Ацо, Таневски Златко, Темелков Александар, Хименез Артунедо Хорхе, Цикарски Мите