Wednesday ,17 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ФОТО) Толку од Вардар, Скубе се врати во Словенија
(ФОТО) Толку од Вардар, Скубе се врати во Словенија

(ФОТО) Толку од Вардар, Скубе се врати во Словенија

Сташ Скубе го напушти Скопје и пристигна во родната Словенија. Вардар го ослободи предвреме словенскиот интернационалец, па можеме да кажеме дека Скубе нема веќе да го видиме во црвено-црниот дрес.

Со оглед дека македонските натпреварувања ќе бидат поништени и нема веќе да се играат натпревари, исто како и во Лигата на Шампионите, каде завршниот турнир е најавен во последниот месец од годината, Скубе не гледаше причина повеќе да се задржува во Вардар.

Голема е веројатноста да не се одигра ниту осмина-финалниот дуел против Пик Сегед, додека Ф4 турнирот во СЕХА лигата се презакажа за месец август или септември. Со оглед дека Скубе потпиша договор со екипата на Брест Мешков, кој стапува на сила од 1.јули, јасно беше дека словенецот ќе замине предвреме од Вардар и ќе се подготвува за новиот предизвик. Својот последен меч во дресот на Вардар, Скубе, го одигра на гостување против екипата на Нексе, каде Вардар славеше минимален триумф, во рамките на првиот 1/4 финален дуел од СЕХА-лигата.

vardarfans-skube