Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кањелас: Мислев дека ќе останам без пехар во ЛШ, сепак дојде „епизодата’ Вардар и најважниот момент за мене
Кањелас: Мислев дека ќе останам без пехар во ЛШ, сепак дојде „епизодата’ Вардар и најважниот момент за мене

Кањелас: Мислев дека ќе останам без пехар во ЛШ, сепак дојде „епизодата’ Вардар и најважниот момент за мене

Како минува времето членовите на шампионските генерации на РК Вардар од 2017 и 2019 се повеќе ја потенцираат важноста на тие пехари освоени со тим кој речиси беше непознат во елитата завршница.  Шпанскиот интернационалец Жоан Кањелас кој од седум обиди има само една круна, таа со црвено-црните посебно го цени тој момент во кариерата.

Да се освои пехар во ЕХФ Лигата на шампионите е потешко, отколку медал со репрезентацијата. Седум пати играв на „фајнал-фор“, многу пати бев блиску, но титулата никако да ја освојам. Мислев дека никогаш нема да станам европски првак. Тогаш дојде неверојатната приказна со Вардар. Еден освоен трофеј имам во  Лигата на шампионите, но тој е посебен за мене. Плачев од среќа по финалето во Келн. Иако салата беше полна, се чувствував како да бев сам во тој момент. Тој момент беше посебен- вели Кањелас.