Tuesday ,25 June 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар и Воска сигурни во 7.коло, „кикс“ на Гостивар, додека Пелистер се подалеку од водечките екипи
Вардар и Воска сигурни во 7.коло, „кикс“ на Гостивар, додека Пелистер се подалеку од водечките екипи

Вардар и Воска сигурни во 7.коло, „кикс“ на Гостивар, додека Пелистер се подалеку од водечките екипи

Екипата на ФК Вардар стигна до 6.победа сезонава во ВМФЛ. Викендов кој полека изминува се одигра 7.коло во кое до победи дојдоа Вардар и Воска, додека Гостивар не успеа да стигне до три бода пред своите гледачи против екипата на Беласица, а Пелистер со поразот од Детонит се повеќе се одалечи од водечките екипи во лигата.

Комплетни резултати од 7.коло во ВМФЛ:

Детонит – Пелистер  1:0

Борец – Охрид  1:2

Караорман – Аресими  2:0

Локомотива – Кожуф  3:0

Саса – Вардар  0:3

Беса – Тетекс  6:1

Гостивар – Беласица  0:0

Воска – Слога  3:0

Вардар останува лидер на табелата со 19 освоени бодови, пред Воска Спорт која има 17. Гостивар е третти со 15, додека Детонит има 13 бодови и натпревар помалку.