Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Преглед на изминатата сезона за младинците на Вардар
Преглед на изминатата сезона за младинците на Вардар

Преглед на изминатата сезона за младинците на Вардар

Остана да направиме преглед на прекинатата сезона и за младинскиот состав на ФК Вардар. Екипата која беше предводена од Филип Ивановски имаше одлична полусезона во која немаше ниту еден пораз и беше рамноправен противник на Шкендија за освојување на првото место. Сепак во пролетниот дел, младинците на Вардар беа драстично ослабени, па натпреварите ги играа со играчи кои беа дел од помладите генерации. Со оглед дека во вториот дел од сезоната во првиот тим на Вардар се приклучија голем број на играчи од младинскиот состав, јасно беше дека резултатите ќе одат во лоша насока.

Само за истакнување во есенскиот дел, младинскиот состав на Вардар забележа пет победи и два нерешени резултати, без ниту еден пораз, додека во пролетниот дел на седум одиграни дуели имавме само два нерешени резултати, пет порази и ниту една победа. Постигнавме 25 голови, додека примивме 13.

Ова се постигнатите резултати за вардаровите младинци: 

1 коло: Вардар – Куманово Еуроспорт  3:0

2 коло: Ренова – Вардар  0:4

3 коло: Вардар – Шкендија  1:1

4 коло: Работнички – Вардар  1:1

5 коло: Вардар – Брегалница  4:0

6 коло: Вардар – Њу Старс  9:0

7 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар  1:2

8 коло: Вардар – Шкупи  0:1

9 коло: Академија Пандев - Вардар  3:0

10 коло: Вардар – Пелистер  0:0

11 коло: Победа – Вардар  1:1

12 коло: Куманово Еуроспорт - Вардар  2:0

13 коло: Вардар – Ренова  0:1

14 коло: Шкендија – Вардар  2:0

Како изгледаше табелата, откако се прекина сезоната во младинските лиги

mladincivardar1

Како најдобар стрелец се покажа играчот кој во новата сезона ќе го носи дресот на турски Бешикташ, се работи за Бесар Гуџуфи кој на крајот од есенскиот дел направи трансфер во екипата на Беласица, за подоцна да потпише договор со еден од најголемите клубови во Турција.

1. Бесар Гуџуфи -7

2. Антонио Мирков -4

3. Иван Мицевски -3

4. Александар Ѓурковски, Ринор Исени, Сулејман Исмаиљи -2

5. Дарко Младеновиќ, Алек Саит, Георг Стојановски, Дамјан Трајановски и Абдулах Хасани -1.

Натпреварите во Купот исто така не го дочекаа својот крај, но и така младинците ги завршија настапите во 1/4 финалето, откако беа елиминирани од екипата на Њу Старс.