Помладите пионери го освоија 8.место во првенството со вкупно 29 освоени бодови.
Екипата која стартуваше под водство на Трајче Стојковски во есенскиот дел, продолжи со Петар Ѓоргиевски во пролетниот дел од сезоната. Играше променливо, еден период беше и во горниот дел од табелата, сепак на крајот падна на осмата позиција на табелата.
Оваа екипа оствари 8 победи, 5 нерешени резултати и 9 порази. Постигнавме вкупно 27 голови, додека примивме 24.
Најдобар стрелец на оваа генерација во лигата беше Антонијо Крстевски кој постигна 7 гола, додека второто место е за Петар Давитов кој имаше 6 погодоци. Михаил Јорданоски имаше 3 гола, додека Фуад Кереми, Петар Котевски и Емир Шаботиќ по 2 гола. Во листата на стрелци се запишаа уште и Бобан Бакрачески, Иван Блажевски и Филип Смиљков.
Играч со најголема минутажа во првенството беше Марко Крстевски кој помина 1862 минути, пред Филип Смиљков и Петар Давитов со 1654, односно 1521 минута.
Стигнавме до 1/4 финалето на Купот, каде после изведување на пенали бевме поразени од екипата на Кул. Во 1/8 финалето бевме подобри од тимот на Победа. Во ова натпреварување постигнавме вкупно пет голови, различни играчи се запишуваа во листата на стрелци. Се работи за Петар Давитов, Фуад Керими, Гоце Трајчевски, Златко Радески и Емир Шаботиќ.