Денес, стартуваше второто издание на силниот меѓународен младински турнир во организација на ФК Вардар. На турнирот „Вардар Куп“ ќе се натпреваруваат екипи составени од играчи до 15 години.
Денес на програмата се три натпревари, а попладнево со почеток од 18:30 часот, Вардар ќе одигра натпревар против екипата на Раднички Ниш. Со почеток од 17:00 часот играат екипите на Црвена Ѕвезда и Национал Софија, додека турнирот го отворија екипите на Раднички Ниш и Лудогорец.
Утре со почеток од 10:00 часот, вардаровите надежи предводени од Влатко Колев за противник ја имаат екипата на Лудогорец. Турнирот ќе се одржи на стадионот Борис Трајковски во населбата Маџари.