Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите беа на врвот, но сезоната во младинските лиги се прекина
Кадетите беа на врвот, но сезоната во младинските лиги се прекина

Кадетите беа на врвот, но сезоната во младинските лиги се прекина

Уште една генерација на Вардар имаше свои шанси да стигне до шампионската титула во најсилната Супер лига. Иако, младинската школа се соочуваше со голем број на проблеми, во однос на заминати, како и играчи кои беа прекомандувани во првиот тим, сепак вардаровите кадети покажаа квалитет и голема желба да завршат на првото место во својата категорија. Познатите околности не дозволија и оваа сезона да го добие својот финиш, па така немаше прогласување на победници ниту во сезоната 2020/21.

Се одиграа вкупно 14 кола, додека до крајот преостанаа уште 8 натпревари. Избраниците на Филип Ивановски до држеа врвот и водеа голема борба со конкурентите за трофејот. Имавме и најдобар напад со 44 постигнати голови, како и најдобра одбрана со 8 примени голови.

Сите остварени резултати за кадетите во лигата:

1 коло: Вардар – Куманово Еуроспорт  9:0

2 коло: Ренова – Вардар   1:4

3 коло: Вардар – Шкендија  2:0

4 коло: Работнички – Вардар  0:1

5 коло: Вардар – Брегалница  4:0

6 коло: Вардар – Њу Старс  2:1

7 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар  0:2

8 коло: Вардар – Шкупи  2:2

9 коло: Академија Пандев – Вардар  2:1

10 коло: Вардар – Пелистер  3:1

11 коло: Победа – Вардар  1:0

12 коло: Куманово Еуроспорт – Вардар  0:4

13 коло: Вардар – Ренова  7:0

14 коло: Шкендија – Вардар  0:3

Како изгледаше табелата после 14 одиграни натпревари во кадетската Супер лига

kadetivardar1

На првенствените натпревари најмногу голови имаше постигнато Антонио Мирков. Вака изгледа листата на стрелци.

1. Антонио Мирков -11

2. Георг Стојановски -6

3. Славче Живков -5

4. Филип Ѓоргоски и Теодор Перковски -3

5. Лео Андрески, Бесар Гуџуфи, Петар Давидовски, Филип Ѓорѓиевски, Дарио Јовановски и Димитар Стоимов -2

6. Левент Ибраим, Сулејман Исмаиљи, Андреј Стојчевски и Петре Тасевски -1.

 Ниту натпреварите во Купот не се одиграа до крај, со оглед дека истите беа прекинати во полуфиналето. Вардар испадна во 1/4 финалето од тимот на Њу Старс.