Кугларската федерација на Македонија ги дефинираше термините за младинските државни првенства. Ќе се играат кадетското и јуниорското. Домаќин ќе биде кугланата во Битола, истата во која се одржуваше завршницата во Купот на Република Македонија. Мартин Митиќ кој пред две години беше кадетски шампион сега ќе ја брани титулата со настан на првенството У23. Ова се термините кои ги истакна федерацијата:
-Државното кадетско U18 првенство во куглање ќе се одржи во Битола на 02 и 03 јули (2х120).
-Државното јуниорско U23 првенство во куглање ќе се одржи во Битола на 08 – 09 и 10 јули (2х120, спринт, тандем микс)