Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го потврди Диало, доаѓа и бек шутер од Куба!
Вардар го потврди Диало, доаѓа и бек шутер од Куба!

Вардар го потврди Диало, доаѓа и бек шутер од Куба!

Шампионот на Македонија продолжува да го засилува својот ростер за новата натпреварувачка сезона. Како што објавивме во повеќе наврати на нашиот медиум, Бакари Диало е нов играч на нашиот тим, а денес тоа доби и официјална потврда. Покрај него, доаѓа и уште еден бек шутер, овој пат од Куба. Се работи за Јоел Куни Моралес.

Бакари Диало сезонава одигра 24 средби за Трембле, а постигна 35 гола. Има процент на реализација од 61,4 проценти, а игра во двата правци. Претходно во сезоната 2019/20 на 18 натпревари имаше 38 гола и процент на успешност при шутот кон противничкиот гол од 62,3 проценти. Ракометарот располага со добар удар од далечина, но и со добра финта и лесен и брз пробив до линијата од шест метри.

Десниот бек Јоел Куни Моралес (34) доаѓа од тимот на Данкерк, Франција. Тој е кубански интернационалец. Како дел на Данкерк последната сезона играше на 28 меча даде 29 гола. Претходно две години беше член на Иври. Во сезоната 2018/19 на 13 меча даде 60 гола, додека во сезоната 2019/20 на 17 натпревари постигна 59 погодоци.