Thursday ,30 May 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Завировски ќе трча 21.км на јулскиот Скопски пекол
Завировски ќе трча 21.км на јулскиот Скопски пекол

Завировски ќе трча 21.км на јулскиот Скопски пекол

 Викендов , поточно во недела на 4 јули на кејот на реката Вардар ќе се одржи маратонска и полумаратонска трка. Нашиот атлетичар Петре Завировски ќе настапи на полумаратонската трка 21.097км.

Натпреварувачите ги очекуваат катастрофални амбиентални услови ако се земе во предвид екстремно високите температури на воздухот во овој период на годината во нашата метропола. Ова ќе биде 10 настап за вардарецот оваа сезона, а втор пат  ќе има настао на патеката долга 21,097км. Истата ја трчаше во Охрид минатиот месец и оствари добро време од 1 час и 27 минути.

Трката во недела  на 21,097км   е закажана со  почеток во 07-00 часот,    на црвено-црниот атлетичар му посакуваме успех.