Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Преглед на постигнатите резултати за вардаровите пионери
Преглед на постигнатите резултати за вардаровите пионери

Преглед на постигнатите резултати за вардаровите пионери

Пионерите на ФК Вардар го завршија првиот круг од сезоната на 5.место на табелата. Оваа генерација која претрпе значителни промени, како ослабена ќе продолжи до крајот на сезоната. Од екипата заминаа неколку играчи, па амбициите за шампионската титула се намалени кај оваа генерација на Вардар која на 11 одиграни натпревари оствари шест победи и пет порази. Постигнавме вкупно 23 голови, додека примивме 13.

Сите постигнати резултати на вардаровите пионери во овој дел од сезоната:

1 коло: Куманово Еуроспорт – Вардар  0:3 (службено)

2 коло: Вардар – Ренова  2:1

3 коло: Шкендија – Вардар  2:1

4 коло: Вардар – Работнички  4:5

5 коло: Брегалница – Вардар  0:3

6 коло: Њу Старс – Вардар  0:2

7 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П  5:0

8 коло: Шкупи – Вардар  0:1

9 коло: Вардар – Акад.Пандев  1:2

10 коло: Пелистер – Вардар  1:0

11 коло: Вардар – Победа  1:2

Лидер во оваа генерација е екипата на Шкендија, а вардарци до крајот на сезоната ќе се обидат да освојат што повеќе бодови за подобар пласман на табелата

pioneri2

Врвот на најдобрите стрелци го држат тројца играчи, од кои еден веќе и не е дел од тимот. 

1. Левент Ибраим, Теодор Перковски и Огнен Здравковски – 3

2. Давид Љушев, Горазд Попов и Стефан Стојановски – 2

3. Сандро Каровски, Лука Ивановски, Михаил Кузмановски, Максим Милошевски, Димитар Стоимов -1