Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Сакристан: Иако победивме убедливо во Скопје, сепак мора да го почитуваме Вардар – Ирабариа: Ја заборавивме претходната победа во Скопје
Сакристан: Иако победивме убедливо во Скопје, сепак мора да го почитуваме Вардар – Ирабариа: Ја заборавивме претходната победа во Скопје

Сакристан: Иако победивме убедливо во Скопје, сепак мора да го почитуваме Вардар – Ирабариа: Ја заборавивме претходната победа во Скопје

Утрешниот противник за нашиот шампион во лигата на Европа, екипата на Реал Сосиедад вечерва одржа прес-конференција на која ги сподели очекувањата за натпреварот против Вардар. Пред медиумите се обрати тренерот на Сосиедад, Еузебио Сакристан кој смета дека неговата екипа е подобра од црвено-црните, но дека нема да ги потценат и ќе влезат внимателно на утрешниот натпревар.

-Ни требаат овие три бода за да стасаме блиску до следната фаза во Европа Лигата. Иако победивме убедливо во Скопје, сепак мора да го почитуваме противникот. Добро трениравме овие денови. Мора да имаме во предвид дека имавме и повредени играчи. Рубен Пардо сигурно нема да игра, но Асиер Илјарименди е тука и нема да имаме проблем во средината на теренот. Верувам дека сме подобри, но сепак го почитуваме Вардар. Ние ќе ја играме нашата игра. Ако не сме сконцентрирани максимално, има ризик да не изненадат, а ние тоа не сакаме да го дозволиме.

Дефанзивецот на противникот, Ариц Елустондо Ирабариа вели дека високата победа од првиот натпревар не е показател дека неговиот тим лесно победил.

-Сакаме да имаме голема поддршка на утрешниот меч. Ја заборавивме претходната победа, свесни сме дека може резултатот да не се повтори и да имаме изненадување. Кога го гледате резултатот на претходниот меч изгледа како да сме победиле лесно, но кога играте на терен поразлично е. Ние во нашите глави ја имаме пораката на тренерот која вели дека мора да одиме со менталитет за победа и на оваа средба и дека мора да внимаваме, без разлика на се. Гневни сме за поразот од Хетафе, сакаме да победиме, но нема да биде лесно. Само со добра работа и тимско залагање ќе има добри резултати. Важни ни се трите бода, тоа е нашата цел.