Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јаневски и Фелипе: Ќе дадеме се од себе да го поправиме впечатокот и да дојдеме до позитивен резултат
Јаневски и Фелипе: Ќе дадеме се од себе да го поправиме впечатокот и да дојдеме до позитивен резултат

Јаневски и Фелипе: Ќе дадеме се од себе да го поправиме впечатокот и да дојдеме до позитивен резултат

Вардар пристигна во Шпанија и веќе одржа прес-конференција, по повод утрешниот натпревар против екипата на Реал Сосиедад. Црвено-црните ќе се обидат да се прикажат во подобро светло, во однос на првиот меч одигран на арената “Филип Втори“ каде загубивме убедливо од утрешниот противник. Шефот на стручниот штаб, Чеде Јаневск свесен е дека неговиот тим се наоѓа во резултатска криза, но вели дека ќе дадат макимум да го поправат лошиот впечаток од првиот меч против Сосиеад и да дојдат до позитивен резултат.

-Ни остануваат уште три натпревари во Лигата на Европа, почнувајќи од ова тешко гостување кај Реал Сосиедад. Знаеме за каков тим се работи, но ние треба да гледаме како Вардар ќе го одигра овој натпревар, и со една добра организација, добра желба да направиме добар резултат. Во овие неколку денови после првенството добро се подготвуваме. Знаеме дека сме во резултатска криза, но овие натпревари ни даваат шанса и можност да се докажуваме во Европа. Ќе направиме се што е во нашите можности да се надигруваме со еден силен тим, и сакаме лошиот впечаток и лошиот резултат кој го имавме на домашен терен, да го поправиме и да дојдеме до позитивен резултат. Нашиот противник во Скопје имаше добра организација, игра со многу додавања. Можеби на првиот меч им дадовме многу голем простор да играат по страничните позиции каде што тие се најсилни. Затоа тоа треба да ни биде поука, да имаме подобра организација и помалку простор да им оставаме на реваншот и со тоа да стигнеме до посакуван резултат.

Фелипе истакна дека не очекува тежок натпревар, но дека тимот ќе се обиде да го прикаже најдоброто од себе.

-Не очекува навистина тежок меч. Против нас имаме квалитетен состав, свесни сме со кого играме. Но, ќе дадеме се од себе на утрешниот натпревар. Ќе се обидеме да изненадиме. Се наоѓаме во тешка ситуација и мала резултатска криза криза, не знам зошто е тоа така. Единствено што можеме да направиме е да дадеме се од себе. Имаме голем предизвик пред нас, но треба да играме најдобро што знаеме и да го извлечеме најповолниот резултат за нас.