Фудбалскиот клуб Вардар денеска со почеток во 12-00 часот во Прес центарот на Арената „Филип Втори“, ќе одржи прес конференција пред утрешниот натпревар во рамките од второто предквалификациско коло од Лигата на шампионите против хрватскиот шампион Динамо Загреб.
Нивните размислувања, очекувања и изјави за утрешниот натпревар со “модрите“ на пресконференцијата ќе ги искажат шефот на стручниот штаб на црвено-црните Гоце Седлоски и капитенот Вардар, Бобан Грнчаров. Тие на јавноста ќе ја пренесат атмосферата, очекувањата и желбите за утрешниот голем фудбалски празик за нас вљубениците во црвено-црните свети бои. Се очекува да упатат повик и до гледачите со барање за поддршка за овој важен и екстрeмно тежок дуел со противник кој секоја година е дел од групната фаза на двете европски клубски натпреварувања организирани од европската куќа на фудбалот-УЕФА. Дуелот утре е закажан со почеток во 20-45 часот и сеуште има билети во продажба затоа побрзајте набавете билет за големиот фудбалски празник за скопјани и Македонија.