Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Карачиќ и Циндриќ, единствените Вардарци кои ќе не претставуваат на олимписките игри во Рио
Карачиќ и Циндриќ, единствените Вардарци кои ќе не претставуваат на олимписките игри во Рио

Карачиќ и Циндриќ, единствените Вардарци кои ќе не претставуваат на олимписките игри во Рио

Игор Карачиќ и Лука Циндриќ со репрезентацијата на Хрватска ќе настапат на олимписките игри, кои летово ќе се одржуваат во Рио Де Жанеиро. Тие ќе бидат единствените Вардарци кои ќе бидат дел од олимпските игри. Да потсетиме дека двајцата освоија бронзен медал на последното европско првенство, кое се играше во Полска, каде во борба за третото место беа подобри од селекцијата на Норвешка. Двајцата веќе се наоѓаат на подготовки со својата репрезентација и нема да бидат дел од составот на Вардар на стартот на подготовките, како и на турнирот во Белорусија. Најголем дел од товарот на позицијата среден бек во овој подготвителен период ќе отпадне на новото засилување, шпанскиот репрезентативец Жоан Канелас. Хрватска се наоѓа во група заедно со селекциите на Аргентина, Катар, Данска, Франција и Тунис. Во другата група се наоѓаат Германија, Египет, Шведска, Словенија, Полска и Бразил.

Кај девојките, Лејно, Лакрабер, Радичевиќ, Кликовац, Херем и Песоа ќе бидат претставничките од ЖРК Вардар на олимписките игри во Рио.