Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Прв Аргентинец во Вардар, Херанц е „црвено-црн“
Прв Аргентинец во Вардар, Херанц е „црвено-црн“

Прв Аргентинец во Вардар, Херанц е „црвено-црн“

По Лира, денеска Вардар претстави уште еден играч интернационалец кој во новата сезона ќе го носи дресот на „црвено-црните“. Николас Хозе Херанц (24), е фудбалер кој игра на стоперската позиција и потпиша договор на две години.

-Потпишав за одличен клуб, и доаѓам во одличен град. Со нетрпение го очекувам мојот прв настап во мојот нов тим. Првите импресии ми се позитивни, и сега низ тренинзите и низ натпреварите ќе дадам се од себе да ги исполнам очекувањата од оние кои ми дадоа прилика да бидам дел од оваа екипа. Знам дека Вардар секогаш атакува на титули. Пред да дојдам тука истражував за овој тим, и можам да кажам дека сум импресиониран. Не беше тешко да се заклучи дека Вардар е најдобриот клуб во Македонија. Исто така ми соопштија дека ќе бидам првиот играч од Аргентина кој ќе настапува во оваа екипа, и драго ми е поради тоа, рече Херанц на промоцијата во Вардар.

Херанц е првиот Аргентинец кој потпишува договор со нашиот тим. Му посакуваме успех и многу голови во новиот клуб.

НИКОЛАС ХОЗЕ ХЕРАНЦ

Датум на раѓање: 17.06.1994

Место на раѓање: Касилда, Аргентина

Позиција: стопер

Кариера: Розарио Централ (Аргентина), Олимпо (Аргентина)