Во сабота и недела ќе се одиграат завршните натпревари во елиминацискиот дел на детската лига, во скопско-кумановскиот регион. Двете најдобри екипи од овој регион и од секоја генерација ќе се пласираат на завршниот турнир, на кој ќе настапат најдобрите екипи од цела Македонија. По уште две пречки треба да поминат двете екипи на Вардаровата генерација “2005“, додека ждрепката сакаше во четврфиналето кај генерација “2006“ да се сретнат во меѓусебен дуел двете екипи кои ги предводи тренерот Филип Арсовски. Само уште по еден противник треба да победат двете екипи на генерацијата “2004“, по што ќе обезбедат место на главниот завршен турнир.
Вака изгледа распоредот во сабота, на одигрување натпревари за нашите екипи, како и сите противници.
ФК Вардар (1) генер. 2004 – Шкупи 11:10
ФК Вардар (2) генер. 2004 – Кул Здравје 1 10:00
ФК Вардар (1) генер. 2005 – Нова Колонија 10:00
ФК Вардар (2) генер. 2005 – Работнички 11:00
ФК Вардар (1) генер. 2006 – Вардар (2) 11:00
ФК Вардар (1) генер. 2007 – Форца 09:00
ФК Вардар (2) генер. 2007 – Албарса 12:00
ФК Вардар (1) генер. 2008 – Спорт Ефе 12:15
Во недела ќе бидат одиграни и последните натпревари кај овие генерации, по што ќе бидат познати и учесниците на завршниот турнир:
Вардар (1) /Нова Колонија – Кул Здравје/Њу Старс 2 17:00 генер. 2005
Вардар (2) / Работнички – Скпи/Албион 18:00 генер. 2005
Вардар (1)/Вардар (2) – Форца/ Драчево Ј. 18:00 генер. 2006.