Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ана Марија Коларовска: Ќе дадеме максимум за влез во финалето, но секако ќе се потрудиме и да го освоиме завршниот турнир
Ана Марија Коларовска: Ќе дадеме максимум за влез во финалето, но секако ќе се потрудиме и да го освоиме завршниот турнир

Ана Марија Коларовска: Ќе дадеме максимум за влез во финалето, но секако ќе се потрудиме и да го освоиме завршниот турнир

Пионерките на ракометниот клуб Вардар во сабота ќе бидат дел од најдобрите четири екипи на завршниот турнир, кој ќе се одигра во Автокоманда. Избраничките на Пецевска и Ристова го завршија регуларниот дел од сезоната на првото место, забележувајќи десет победи од исто толку одиграни натпревари. Во полуфиналниот дуел за противник го добија тимот на Куманово, преку кој ќе се борат да стигнат до големото финале, каде најверојатно ги чека домашниот тим на Металург. Оваа сезона одлично играат пионерките, кои го освоија и силниот меѓународен турнир во Зрењанин. Таквите натпревари беа како еден дел подготовка на екипата, но и подигнување на формата, пред одигрување на најважните два натпревари во домашната лига. Дел од пионерскиот состав е Ана Марија Коларовска, за која ова е прва сезона во црвено-црниот дрес, откако дојде преку “Јуниор“ лигата, од екипата на Опш. Кисела Вода.

-Турнирите на кои настапувавме беа многу важни за мене за да се изградам подобро како играч и да продолжам подобро во втората полусезона. Посебно во сеќавање ќе остане силниот турнир во Зрењанин каде освоивме прво место, во конкуренција на валитетни екипи од Балканот. Многу сум задоволна од мојот тим и од максималната прикажана игра во текот на регуларниот дел од сезната во лигата. Со екипата на Куманово немаме одиграно ниту еден натпревар, што значи дека ќе играме со противник на кој не му ги знаеме квалитетите. Секако дека ќе го дадеме максимумот за влез во финалето, но секако и ќе се потрудиме да го освоиме завршниот турнир.

14354921_1191688637558326_2668029465077620835_n

Доколку се оди според паланот, во финалето би требало да играат најдобрите две екипи оваа сезона во пионерската лига.

-Со екипата на Металург имаме одиграно неколку натпревари, што значи дека ни е познат противникот, но секако и тие имаат напредок како и ние. Доколку влеземе во финалето и играме против екипата на Металург, тоа ќе биде тежок и неизвесен натпревар, поради тоа што и двете екипи сме со висок квалитет.

Звонко Ивановски