Престојниов викенд ќе стартува пролетниот дел од сезоната во првенството на младинските фудбалски категории. Пионерските екипи на Вардар на теренот на Академијата во недела се домаќини на екипата на Шкупи, додека кадетите и младинците во сабота гостуваат на теренот каде игра екипата на ССК Драчево.
Помладите пионери го стартуваат пролетниот дел на делба на првото место со екипата на Победа од Прилеп, со која имаат по идентични 29 освоени бодови. Нашиот прв противник во пролетниот дел пак се наоѓа на средината на табелата, со 22 освоени бодови. Во есенскиот дел од сезоната избраниците на Деспотовски славеа на гостувањето кај Шкупи, минимално со 0:1, со единствениот гол на Антонио Мирков. Првите три кола се многу важни за помладите пионери, во борбата за титулата. Во следното 16.коло ќе гостуваме на екипата на Брегалница, додека во 17.коло сме домаќини на Победа, која е наш најголем конкурент за трофејот. Екипата на Работнички која има само два бода помалку од Вардар, во првото пролетно коло на домашен терен ја пречекува екипата на Академија Пандев. Мечот во недела на Вардар со Шкупи стартува во терминот од 10:00 часот.
Пионерите на Вардар ќе се обидат да ја забележат деветтата победа оваа сезона. Избраниците на Кралевски пролетниот дел ќе го стартуваат од првото место на табелата, со два бода повеќе од екипите на Академија Пандев и Работнички. Нашиот противник кој се наоѓа на петтото место на табелата, веќе еднаш го совладавме сезонава и тоа на гостински терен (1:3), со головите на Речица, Крстевски и Омерагиќ. Вардар со победа може да профитира од ова прво пролетно коло, со оглед дека неговите конкуренти, Работнички и Академија Пандев ќе се соочат на стартот од пролетниот дел. Дуелот, Вардар-Шкупи на теренот на Академијата ќе започне од 12:00 часот.
Кадетите под водство на новиот тренер, Горан Петрески ќе се обидат да го поправат впечатокот и пласманот, кој го имаат од есенскиот дел. Оваа генерација е најслабо рангирана и се наоѓа на 7.место на табелата со само 14 освоени бодови, додек Шкупи е последно пласиран со 10 бодови. Тимот од Чаир го доби првиот дуел во есенскиот дел, Шкупи славеше минимално со 0:1 на теренот во населбата Јане Сандански. Натпреварот во сабота ќе започне од 10:00 часот.
Младинците на Вардар со Сашо Тодоровски во пролетниот дел ќе имаат тешка задача да ја симнат Шкендија од врвот во младинската лига. Есенскиот натпревар на домашен терен го добивме со резултат 2:1, на тој меч два гола постигна Ибиши. Екипата на Шкупи се наоѓа на 4.место на табелата, со 20 освоени бодови. Натпреварот ќе започне од 12:00 часот.