Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Започнува Супер лигата, Вардар по третти пат гостин на Гевгелија
Започнува Супер лигата, Вардар по третти пат гостин на Гевгелија

Започнува Супер лигата, Вардар по третти пат гостин на Гевгелија

Викендов по зимската пауза започнуваат дуелите во женската Супер лига, црвено-црниот женски сениорски тим во само десет дена по третти пат гостува во салата “26 Април “ во Гевгелија. Повторно играме против истоимениот тим, екипа која ја совладавме минатата среда во младинската лига, додека во саботата и во 1/4-финалето од Купот на Македонија.

ЖРК Вардар пролета ја започнуваат во топ-3 сегменот од лигата. Ние одлично одигравме на есен иако не следеа и серија повреди. Поради повреди на коленото Марија Гоцевска и Марија Галевска беа рано “ван строј“, тие сеуште не се во можност да се приклучат. Борбената и пожртвувана Ана Марија Коларовска заработи три повреди, скршеница на дланката, расекотина на брадата и повреда на коленото која беше хирушки третирана. Сите три се санирани, па се очекува големиот борец за помалку од половина месец да се приклучи на тимот што ќе биде од голема помош за битката на тритте фронта.

Мечот се игра задутре, сабота, 3-ти март со почеток во 13-00 часот. Делители на правдата се Јашар Лела и Капсарева Михаела од Скопје. На првата средба во “Јане Сандански“ отворивме лошо, губевме со 11-12 на десетина минути пред крајот на првиот дел. Сепак со неверојатна серија 6-0 на одмор заминавме со 17-12. Во вториот дел само ја продолживме добрата игра и го совладавме ривалот со  31-22. Истата екипа изминатиот викенд во Купот ја совладавме со 18-30.