Во петок на 6. јули со почеток во 17:30 часот, Вардар ќе игра пријателски натпревар против Работнички. Дуелот ќе биде главна подготовка за нашиот тим пред двомечот со Пјуник во рамките од Лигата на Европа. Ова ќе биде осми пријателски дуел за нашиот тим, по оние седум на подготовките во Словенија.
Дуелот ќе се игра на теренот на АМС во населбата Аеродром во Скопје, веднаш до хотел Русија и до СЦ Јане Сандански.
Првиот натпревар со Пјуник во рамките од Лигата на Европа се игра на 12. јули во Ереван, а реваншот е на 19. јули во Скопје.