Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Еден од противниците на Вардар во ЛШ, Брест Мешков со нов тренер ќе ја започне сезоната
Еден од противниците на Вардар во ЛШ, Брест Мешков со нов тренер ќе ја започне сезоната

Еден од противниците на Вардар во ЛШ, Брест Мешков со нов тренер ќе ја започне сезоната

Еден од противниците на Вардар во најсилната група А од Лигата на Шампионите, тимот на Брест Мешков во новата сезона ќе има нов тренер, откако клубот реши да му даде отказ на Сергеј Бебешко. Нов стратег на клупата на белорускиот шампион, ќе биде познатиот шпански стручњак, Маноло Каденас.

Во својата тренерска кариера, Каденас ги предводел екипите на Барселона, Адемар Леон и Висла Плок. Во периодот од 2014-2016 година беше и на кормилото на шпанската ракометна репрезентација, со која освои два медали на Европските првенства. Моментално е селектор на Аргентина, но на истата функција ќе се повлече после настапот на Светското првенство, кое следната година ќе се одигра во Германија и Данска.

Последниве неколку години, Брест Мешков финансиски многу вложува во тимот, па сопственикот очигледно не беше расположен од резултатите кои ги имаше екипата под водство на Бебешко, кој успеа на два наврати да ја освои двојната домашна круна и да стигне во најдобрите 16 екипи во Европа, но не и да освои трофеј во СЕХА-лигата. До овој период, Брест Мешков направи голема реконструкција во својот тим, засега се потврдени седум заминувања на играчи од белорускиот шампион. Тоа се Стојковиќ, Мијатовиќ, Игропуло, Никуленков, Ѓукиќ, Продановиќ и Олег Астрашапкин. Потврдено е доаѓањето на Дарко Ѓукиќ, десното крило кое доаѓа од тимот на Киелце, како и Сандро Обрановиќ  и Шиме Ивиќ.