Денес на теренот на Академијата, нов контролен натпревар одигра генерацијата 2006 на фудбалскиот клуб Вардар, која за противник го имаше тимот на Форца. На еден интересен натпревар, на крајот истиот заврши без победник 3:3.
Нашите надежи започнаа слабо кога имаа негатива од три гола, но до крајот на дуелот со стрплива игра успеаа да се извлечат од пораз. Стрелци на головите за Вардар беа Михаил Танчев, Матеј Атанасов и Матеј Гаштаров. Тренерот Милан Коцески стартуваше со една постава, но после негативата се реши да направи „хокеарски“ измени на теренот.
Погледнете неколку фотографии од натпреварот, додека целосната галерија ќе биде достапна во наредниве денови на нашиот веб сајт.
Вардар: Краљевски, Ајетовиќ, Порчу, Спасовски, Јанкоски, Миовски, Величковски, Сековски, Лефковски, Николовски и Коловски.
Играа уште и Данстак, Хасиќ, Гаштаров, Танчев, Атанасов, Цековски, Крстевски, Грбовиќ, Љатифи и Нуредини.