Генерацијата 2007 на ФК Вардар одигра нов пријателски натпревар. Денес, гостин на Академијата беше екипата на Форца која е предводена од Јовче Џипунов.
Вардарци беа многу подобар тим на теренот и заслужено на крајот победија со високи 10:0. Со оглед на големиот ростер на играчи со кои располагаше нашиот тренер Коцески, шанса добија сите, иако се играа само две полувремиња по 30 минути.
Стефан Младеновски постигна хет-трик, додека по два гола имаа Кренар и Лука Рајчин. По еднаш во листата на стрелци се запишаа Иван Блажевски, Адмир Љатифи и Фуат Керими.
Погледнете фотографии од денешниот дуел, додека галеријата ќе ја поставиме во наредните денови.