Шампионот на Македонија, РК Вардар 1961 договори уште еден играч од Франција кој во новата натпреварувачка сезона ќе биде дел од ,,црвено – црните” од Скопје. Се работи за Бакари Дијало, 27.годишен кој игра на позицијата лев бек, а исто така е добар и во дефанзивните задачи.
Дијало во Вардар доаѓа од редовите на Трембле, каде настапува во последните две години. Дека се работи за квалитетен играч кој игра во два правци покажува и статистиката. Дијало оваа сезона има 61,4 проценти на реализација во француското првенство.
Бакари Дијало ќе биде вториот играч од Франција во редовите на Вардар. Тука ќе биде и кружниот напаѓач Жереми Тото.