Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар во среда против Јагелонија
Вардар во среда против Јагелонија

Вардар во среда против Јагелонија

Во саботата ФК Вардар требаше да го одигра третиот, односно првиот тест во Хрватска, но поради извлекувањето на Динамо Загреб како наш противник во ЛШ, тестот против ”модрите” очекувано не се одигра, а Вардарци имаа вообичаен тренинг место натпревар. Па така првиот пријателски натпревар во Хрватска Мура ќе се одигра задутре, но не против хрватска Риека како што напишавме, туку против полскиот прволигаш, тимот на Јагелонија.

Тимот на Јагелонија ни доаѓа од првата полска лига, изминатата сезона овој тим заврши на 12 место на табелата, со скор од 10 победи, 5 нерешени и дури 15 порази. Овој тим изминатата сезона ја имаше најлошата одбрана во полската прва лига, со дури 54 примени погодоци на 30 натпревари. Овој тим е составен од полски играчи, придодаден со шест интернационалци. Овој натпревар ќе се одигра во 16 часот во среда.